Home Спорт Калин Ивановски го освои ИТФ трофејот во Мадрид

Калин Ивановски го освои ИТФ трофејот во Мадрид

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжи со одличните настапи пред крајот на оваа календарска година и го освои ИТФ трофејот во Мадрид.

Во финалето Ивановски беше подобар од Британецот, Марк Вајтхаус со 2:0 во сетови. Првиот сет Калин го доби 6:4 со еден брејк, додека во вториот беше многу повеќе доминантен и не дозволи на противникот да се врати во игра. Вториот сет го доби со 6:2.

Иако Вајтхаус имаше подобар рејтинг за 50 позиции од Калин сепак на крајот македонскиот тенисер се радуваше на трофејот кој е трет во неговата кариера.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…