Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанската Серија А го врати стариот сјај и оваа сезона е најинтересното и најинтригантно првенство меѓу топ шампионатите во Европа.
Пеп Гвардиола ја „уништи“ Премиер лигата уште во декември, Баерн одамна ја направи Бундеслигата бесмислена, лошата сезона на Реал Мадрид во Примера ја загрози неизвесноста…
Серија А се врати на пиедесталот на најинтересно првенство во Европа, особено после синоќешната победа на Наполи над Јувентус.
Разликата меѓу двата тима е само еден бод на табелата и до крај ќе се борат за Скудетото. Јувентус има потежок распоред и му гостува на Интер и Рома, покрај домашните натпревари со Болоња и Верона.
Наполи пак има неизвесни гостувања против Фиорентина и Сампдорија, а на домашен терен ги пречекува Торино и Кротоне.
Крајно неизвесно е и во траката за Лигата на шампиони каде Рома, Лацио и Интер се борат за две места, а разликата е само еден бод (67, 67, 66)
„Волчицата“ има најлесен календар бидејќи до крајот ќе игра со Киево, Каљари, Сасуоло и дербито со Јувентус, додека Лацио и Интер ќе се сретнат во последното коло во директен дуел на „Олимпико“.
Исто така четири тима се во битка за последното место кое води во Лига Европа. Аталанта го претекна Милан со еден бод, а Фиорентина и Сампдорија се само на 4 бода од 6-то место.
„Драма“ ќе има и во битката за опстанаок, каде само Беневенто е сигурен падник. Верона, СПАЛ, Кротоне и Киево ќе се борат до крај.