Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Универзитетскиот професор Горан Калајџиев јавно го изрази својот револт поради, како што вели, фактот дека на Специјалното јавно обвинителство му се става клуч, без притоа никаков обид да се спаси истото, додека засегнатите молчат за тоа, пренесува Фокус.
Калајџиев, после вчерашниот состанок во Министерството за правда, на кој присуствуваше заедно со академик Владо Камбовски, министерката Рената Дескоска, обвинителите Љубомир Јовески и Ленче Ристевска, а кој беше свикан после писмото од шефицата на СЈО, Катица Јанева, од притвор, обвинителството да ги предаде предметите на ОЈО, на неговиот Фејсбук профил кратко коментираше „Сам против сите“.
„Сите сакаат да го закопаат СЈО, се става клуч на врата, а сите молчат. Останатите обвинители фаќаат сеир, предметите ќе се предадат, а никој не се секира за исходот“, вели Калајџиев за „Фокус“.
Тој додава дека одлуката на Јанева да се предадат сите предмети е незконска.
„Предметите не се ниту на мајка и, ниту на татко и, не ги донела од Гевгелија, па да ги предава. На овој начин само ќе се развлечат, кој знае во чии раце ќе завршат. Згора на се, адвокатите на обвинетите ќе ја спорат законитоста“, вели Калајџиев.
Јанева предметите ги добила со закон и мора да ги работи. Во случајот има поднесено оставка и не може да се однесува од типот „после мене потоп“. Никаде во законот не се предвидува ова обвинителство да ги предаде сите предмети особено не во ваква ситуација каде нејзе и е завршен мандатот и каде нема политичка волја да се избере нов обвинител. Зошто и како не сакаат обвинителството да продолжи да работи треба да ги прашате политичките партии тоа е нивна одговорност. За избор на нов јавен обвинител очигледно не постои интерес и тоа е најстрашното што очигледно е дека ова е крај на СЈО. Не постои интерес да постои автономна институција која ќе се бори со организиран криминал. СЈО е злоупотребено само да се бутне ВМРО-ДПМНЕ од власт и ништо повеќе, тоа со жалење го констатирам, вели Калајџиев
„Ме разочараа и обвинителите од СЈО. Јас да сум работел некој предмет три години, да сум ја ставал главата во торба, немало шанса да ги дадам на друг“, додал Калајџиев во изјавата за Фокус, кој прашува каде е сега јавноста, шарената револуција, да протестираат за спас на СЈО.