Калајџиев апелира: Има многу нејаснотии во последната верзија од законот за ЈО


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Според професорот на Правниот факултет и правен експерт Гордан Калајџиев, последната верзија на законот за Јавно обвинителство што е сега во процедура не ги отстрани контроверзите што ги зготвија партиите.

„Не можете во закон да употребувате општо прифатени погрешно правни поими и институции“, изјави Гордан Калајџиев, професор на Правниот факултет на УКИМ, во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

„Откако се појавија „бомбите“ за нив се збори како индиции, а не докази, а тоа е сосема погрешно во правната наука. Индициите се индирекни докази, па така во бомбите има индирекни докази или индиции таму каде што Груевски вели удрете му шамар, тоа е директен доказ дека тој наредил некој да добие шамари“, вели Калајџиев.

„Сега е како некоја желботека, тоа што се сака да се вметне во закон се вметнува. Многу работи кои се проблем не се решаваат со законот за јавно обвинителство, и тоа ѝ е кажано на министерката за правда“, рече професорот.

Според него најспорните прашања не се за овој закон. „За тоа дали ќе се водат истраги или не, не е прашање на закон за јавно обвнителство, туку на закон за кривична постапка и судска пракса. Утре ќе се случува ова и во други теми. На пример изземање на судии ќе се решава со закон за адвокатура. Во основно кога ќе ви дадат тема прво гледаат дали сте ја погодиле темата. Вие може одлично да сте напишале состав, но да не сте ја погодиле темата. Така и тука, промашени се работите. И министерката и многу други ќе треба да паднат на испит со вакво однесување“, рече Калајџиев.

Професорот објаснува дека во законот има многу грешки.

Во врска со случајот „Рекет“ професорот напомена дека очекува да се „размота клопчето“ бидејќи Боки 13 има влезено длабоко во политиката.

„За жал ние се уште немаме обвинителство, кое е независно. Јавниот обвинител го бира власта, па со самото тоа тој игра според нивните услови. Еден од тие услови е да не се гони самата политичка елита“, изјави Калајџиев.