Какво значење крие името на новороденото кралско британско бебе?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор е целосното име и презиме на новородениот британски принц, прво дете на принцот Хари и војвотката Меган. Изборот на ова име предизвика заинтригираност и љубопитност кај јавноста и обожавателите на ова кралско семејство, проследени со многу толкувања и шпекулации за значењето на истото и одлуката зошто токму тоа име да го добие бебето.

„Вистинско име на Меган е Рејчел, и Арчи е слична акроним на тоа име, додека пак, според играта на зборови, Харисон значи ’син на Хари‘ – така што значењето на името на новото бебе во кралското семејсто би значело син на Рејчел и Хари”, напиша еден корисник на профилот на Инстаграм на кралското семејство.

Колку одлуката на Војвотката од Сасекс и Принцот Хари да му го дадат на нивниот син тоа име ја интригира јавноста е фактот дека овој коментар на социјалните медиуми го објави и американскиот магазин Hello!

Инаку, името Арчи е скратена верзија на традиционалното шкотско име Арчибалд кое значи на „силен, храбар, верен”. Презимето на малиот Арчи е Маунтбатен-Виндзор, со што Хари му оддал почит на неговиот дедо, принцот Филип.

Арчи има еден имењак во неговите предци, од семејната страна на принцезата Дијана. Станува збор за Арчибалд Кемпбел, кој ја носел титулата на деветтиот гроф од Аргил, од Шкотска.