Какво време носи овој вторник?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер.

Утринските температури ќе се движат од минус 6 до 2 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 5 до 14 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу минус 3 и дневна до 10 степени.

До крајот на работната седмица ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринските температури под влијание на топла воздушна маса од среда ќе бидат во пораст, а исто така и дневните.

Извесна промена на времето се очекува за време на претстојниот викенд со повремени локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура, особено во сабота.