Home Актуелно Какво време носи четврток?

Какво време носи четврток?

Денешниот ден го започнуваме слично како и вчерашниот, со ниска облачност и локална магла по котлините. Ниската облачност  ќе се задржи во поголем дел од денот. Околу пладне облачноста генерално ќе се расчистува, но со услови во одделни котлини таа да се задржи во текот на целиот ден.

Максималната температура денеска ќе има вредност помеѓу 8°С и 11°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток и повисоките места заради сончевото време околу 12°С.

Скопскиот регион и утринава има појава на ниска облачност .Околу пладне очекуваме делумно  рачистување на слојот на ниска облачост, за поппладне да биде делумно сончево.

Температурата ќе има највисока дневна вредност околу 10°С.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…