Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Иако нема сосема да се разведри небото во последниот петок годинава, сончевите периоди ќе бидат почести и подолги во однос на четврток.
Навечер облачноста ќе почне значително да се намалува. Ветерот ќе биде умерен, а ќе дува од север. Поизразен ќе биде долж повардарието, во овчеполскиот и пелагонискиот крај.
Наутро ќе биде студено, со минимална температура низ котлините помеѓу минус 8 степени и минус 4 степени Целзиусови, а на повисоките места помеѓу минус 12 и минус 9.
Максималната вредност пак, ќе има вредност помеѓу 1 и 4 степени Целзиусови низ поголем дел од котлините, на југоисток околу 6 степени, додека на повисоките места околу минус 2.
Скопскиот регион очекува претежно облачно и ветровито време, но со нешто подолги сончеви периоди и послаб ветер во однос на четврток. Наутро минималната температура ќе има вредност околу минус 6, а максималната температура до 6 степени според Целзиус .