Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Видеото што го споделила мајката од своето синче кое има едно сино и едно кафено око има над 2,8 милиони прегледи на социјалните мрежи, и многумина биле воодушевени од овој феномен кај момчето.
-Ќе ги има сите девојки кога ќе порасне.
– Уникатно бебе-
– Имам исти очи… – се дел од коментарите од корисниците на Тикток.
Мајката Италијанка споделила и снимки на кои ова момче е бебе, па може да се види дека оваа автентичност ја има од раѓање. Многумина од корисниците на Тикток коментирале дека малиот ќе биде единствен и вистинска атракција, особено за девојките.
@dayana.shop3 IMPAZZISCO😍😍😍😍 #occhi #occhiblu💙 #perte #andiamoneiperte ♬ suono originale – Dayana shop
Оваа состојба, во медицината е позната како хетерохромија и таа е резултат на недостаток или вишок на меланин присутен во ирисот на окото. Хетерохромијата не е болест и не е опасна по живот. Во повеќето случаи се јавува поради генетска предиспозиција, пренесува „Оптометриа.нет“ (Optometria.net).
Постои и стекната хетерохромија која се јавува како последица на повреда на окото, увеитис или употреба на одредени лекови против глауком. Меѓу познатите личности со ова нарушување на очите се Кејт Босворт, Мила Кунис, Џош Хендерсон, Елизабет Беркли и други.