Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот човек на Русија, претседателот Владимир Путин, наводно ветил дека засега нема да спроведе нови воени иницијативи во близина на Украина како предуслов за можна деескалација, пренесува анонимен француски функционер, по разговорите меѓу Путин и францускиот претседател Емануел Макрон, пишува Макфакс.
Исто така, рускиот лидер се согласил и војниците кои учествуваат на воената вежба на белоруската територија во близина на украинските граници да бидат повлечени веднаш штом ќе завршат вежбите.
Сепак, според „Ројтерс“, самиот Путин не споменал такви отстапки за време на прес-конференцијата одржана по вчерашните шестчасовни разговори со Макрон во Москва.
Неименуван француски функционер рече дека Макрон се согласил да отвори дијалог за стратешки прашања за време на разговорите, но не беа дадени детали што би можел да вклучува тој дијалог.
Путин побара промени во безбедносните аранжмани на Европа, вклучително и ветување дека НАТО никогаш нема да ја прифати Украина, дека ракетите никогаш нема да бидат распоредени во близина на границите на Русија и дека западната алијанса ќе ја намали својата инфраструктура.
Истиот француски функционер тврди дека договорот е постигнат за време на преговорите за зајакнување на дипломатијата во рамките на таканаречениот нормандиски формат, во кој Франција и Германија се посредници во преговорите во кои се вклучени Русија и Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги демантираше информациите на „Фајненшл тајмс“ дека рускиот претседател Владимир Путин и францускиот лидер Емануел Макрон се договориле за Украина за време на разговорите во Москва.
„Москва и Париз не можеа да го направат тоа бидејќи Франција е членка и на Европската Унија и е земја претседавач со ЕУ. Франција е исто така членка на НАТО, каде што не е лидер… За каков договор можеме да зборуваме? „Фајненшл тајмс“, се разбира, напиша погрешно.
Што се однесува до руските сили, тие сепак ќе се вратат во нивните касарни. Никој никогаш не рекол дека руските војници ќе останат на територијата на Белорусија по завршувањето на воените вежби“, потсети портпаролот на рускиот претседател.