Какви монструми: Убиле 7-годишно детенце оти не знаело стихови од Библијата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Три лица, од кои едно е малолетен тинејџер на 15-годишна возраст, се уапсени под сомнение за брутално мачење и убиство на 7-годишниот Итан Хаушулц.

Обвинетите за убиството на Итан се неговите старатели Тимоти и Тина Мекивер Хаушулц и нивниот 15-годишен син Демијан. Тие го малтретирале, особено тинејџерот, малиот Итан затоа што не знаел да изрецитира на памет 13 стихови од Библијата.

За казна малиот Итан морал да носи дрвен трупец, тежок речиси колку него. За тоа време тинејџерот го тепал и туркал детето и откако паѓал на земја, на градите му го ставал тешкиот трупец.

Полицијата соопшти и дека тинејџерот стоел на трупецот, додека детето лежело во кал. На крај , го закопал во снегот, каде детето починало.

По некое време, старателите го откопале и однеле малото дете во болница, но било предоцна. Тие се обвинети за убиство и за уште шест кривични дела.