Какви бродови лежат потонати на дното од Охридското езеро? (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Истражување и документирање на потонатите бродови во Охридското езеро е акцијата со која се занимаваат членовите на нуркачкиот клуб Акватек.

Бродовите датираат од Првата Светска Војна, и се претпоставува дека се намерно потонати. Нивниот број не е точно утврден и досега не се доволно документирани, што остава простор за понатамошно истражување.

Познати се доста информации поврзани со овие бродови, како нивниот произведувач и тоа дека биле користени за транспортирање на голем товар.

Бродовите се наоѓаат на крајбрежјето покрај градот Струга и се на длабочина помеѓу 6 и 7 метри, на повеќе од 1.000 метри од крајбрежјето.

Екипата на Акватек заедно со подводниот археолог Никола Паскали, ќе продолжи со истражување, документирање и промовирање на овој локалитет.