Каква жена: Направи нешто што ниту една Прва дама на САД го нема направено


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Меланија Трамп, на синоќешниот говор на нејзиниот сопруг Доналд Трамп за состојбата на нацијата, стигна сама, одделно од него, со што ја прекрши долгогодишната традиција, односно направи нешто што досега ниту една Прва дама на САД го нема направено во историјата.

Од Белата куќа ги отфрлија тврдењата дека Меланија се одлучила на таков потег поради брачните проблеми во семејството Трамп, објаснувајќи дека таа стигнала со посебен автомобил, во придружба на своите гости, за да може да помине повеќе време со нив.

Меланија доби оваци кога се појави во салата во елегантна комбинација од Dior и Dolce&Gabbana. Се смести на една минута пред почетокот на говорот на Трамп, пренесува CNN. Седеше меѓу двајца од вкупно 15-те гости кои ги имаше, полицаецот Рајан Холетс и 12-годишниот Престон Шарп, кои беа дел од, како што претходно објасни, „почесната екипа херои и преживеани“. Холетс посвои дете чија мајка била зависник од дрога, Шарп организирал положување на 40.000 знамиња и цвеќе на гробовите од војниците.

Меланија и Доналд во Белата куќа се вратија заедно со службана лимузина, а тоа беше прв пат да бидат видени заедно од Нова година.

Меланија оваа година се нема воопшто појавено во јавност (досега), па американската јавност тврдеше дека причината за тоа се гласините за наводната секс афера на Доналд со порно актерката Сторми Даниелс во 2006 година.