Каква тајна открива неодамна пронајдената воена база на Гренланд?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако долги години се наоѓала под дебел слој мраз, пред некое време на Гренланд беше откриена американска воена база од времето на Студената војна.

За разлика од, исто така, неодамна откриената антарктичка база, што ѝ припаѓала на Германија, гренландскиот воен град контролирал поголемо подрачје на северот.

Базата, односно нејзиниот врв е откриен поради топењето на мразот. Таа била дел од проектот „Леден црв” (Iceworm) и е проектирана да работи целосно самостојно. Во случај на пообемен напад, базата можело да биде затворена одвнатре и да има резерви за живеење за неколку децении однапред.

Основната задача на базата била управување со нуклеарното оружје. Во базата има специјални мали подземни магацини за балистички ракети.

Но, кога се појавиле нови, современи и поопремени подморници, но и поради состојбата со мразот, базата во 1966 година била затворена и сè што било во неа, било преместено.