Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роџер Федерер, на радост на армијата навивачи, го продолжил договорот со турнирот во родниот Базел до 2019 година.
Освојувачот на 18 грен слем трофеи, на дополнителни три години го продолжи договорот со турнирот кој се игра во неговиот роден град Базел. Оваа година турнирот е на програмата од 21 до 29 октомври.
Федерер, кој неодамна го освои Аустралијан Опен, кога ќе му истече договорот со турнирот во Базел ќе има 38 години, што значи дека постои можност тој да заигра и на Олимписките игри во Токио во 2020 година.
„Со нетрпение чекам да заиграм пред домашната публика оваа есен. Играњето во Базел за неме преставува еден од најдобрите моменти во текот на сезоната“, изјави Федерер.