Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лиса Бонет позираше речиси гола за насловната страница на магазинот, „Rolling Stone“ во 1988. година. Триесет години подоцна, нејзината ќерка Зое Кравиц, позираше за овој магазин како и нејзината мајка.
Фотографијата можете да ја најдете поставена на нејзиниот инстаграм профил.
„Отсекогаш сум ја сакала таа насловна страна на магазинот. Кога и да помислам на „Rolling Stone“, таа нејзина слика ми е пред очите. Така впечатлива, прекрасна“, истакна Зое.
Таа мисли дека сексуалноста лежи во самодовербата.
„Кога некој не се извинува за тоа што е, кога е свој, тогаш тоа го прави силно привлечен“.
Зое Кравиц ја гледавме во серијата, „Big Little Lies“, рамо до рамо со Никол Кидман, Рис Витерспун и Лаура Дерн.