Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За разлика од нивните претходници, Барак и Мишел Обама кои јавно се залагаа за здрава исхрана, новиот американски претседател има поинакви навики кога станува збор за исхраната.
Американските магазини за време на кампањата објавија дека помеѓу Доналд и Меланија Трамп има голема разлика во исхраната, затоа што сопругата која е поранешна манекенка, отсекогаш била на строг режим со здрава храна, а повеќе пати има зборувано за нејзиното дневно правило според кое задолжително секој ден јаде седум парчиња различно овошје.
Сепак, нејзиниот сопруг не ја прати во здравите навики и како што самиот признал. Тој е повеќе навлечен на брза храна и не внимава многу што јаде и внесува во организмот.
На ова негово тврдење, дел од корисниците на социјалните мрежи низ шега коментираа дека тој ќе го подигне холестеролот на Америка.