Home Вебкафе Каква е врската помеѓу Полат, Онур, Ајшеѓул и Македонија?

Каква е врската помеѓу Полат, Онур, Ајшеѓул и Македонија?

Ако одговорот ви е дека сите тие се имиња од популарните турски серии кои се даваа на нашите Тв канали, до некаде сте во право. Но, врската има и посуштински момент.

Александар, Александра, Јован, Јована, Миахил, Маихаела, Максим се меѓу најчестите имиња на новородените деца во 2017 година.

Според Управата за водење матични книги, чести се и имиња Филип, Филипа, Калин и Калина.

Инспирирани од турските серии, популарни биле и Севги, Онур, Елф, Полат, Ајшеѓул,.. Во Македонија годинава се родиле деца кои ги носат имињата на ликовите од турските серии.

Статистичките податоци покажуваат дека во третиот квартал годинава во Македонија се родени 5.866 деца. Лани бројот бил околу 33.000.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…