Home Актуелно Каков цар: Со пенкало го изменил датумот во пасошот за да не мора да го менува пасошот и пробал да помине на премин Стар Дојран

Каков цар: Со пенкало го изменил датумот во пасошот за да не мора да го менува пасошот и пробал да помине на премин Стар Дојран

За да не ја менува патната исправа Турчин со пенкало си го поправил датумот на важност и се обидел да помина на граничниот премин Стар Дојран. Од полицијата велат дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Вчера во 03.50 часот на граничниот премин Стар Дојран, полициски службеници го лишиле од слобода Е.И.(56) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека датумот на важност на неговата патна исправа бил преправан со пенкало. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…