Каков Погба, Јувентус спрема понуда за друга ѕвезда на Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако во последно време многу се пишуваше за евентуалното враќање на Пол Погба во Јувентус, сепак италијанскиот шампион е заинтересиран за друга ѕвезда на „црвените ѓаволи“.

Последните информации од Островот тврдат дека Јувентус е силно заинтересиран за Маркус Рашфорд. „Сан“ пренесува дека „бјанконерите“ веќе работат на трансферот и се спремни да платат 74 милиони евра за потписот на Рашфорд.

Рашфорд не добива голема минутажа кај Жозе Мурињо и тоа може да биде клучно во неговата одлука да ја промени средината. Во моментов раководството на Манчестер Јунајтед не е спремно да се раздели со младата ѕвезда, но незадоволството кај Рашфорд расте од ден на ден.

20-годишниот Рашфорд има договор со Манчестер Јунајетд до 2020 година, но е фристриран од фактот дека не добива доволно минутажа. Покрај Јувентус силен интерес за него покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата.

https://youtu.be/m8wUNbBwkcM