Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американскиот експерт за компјутерска безбедност Бен Воркмен решил буквално да ја земе во свои раце паметната технологија.
Исто како Марвел херојот Тони Старк, Бен вметна во своето тело четири компјутерски чипа – клуч од автомобил Тесла во десната рака, магнет во левата, како и чип кој овозможува далечински управувач и уште еден што се користи за поврзување и комуникација на мобилни телефони.
Со нивна помош тој ги контролира телефоните, телевизијата и другите паметни гаџети во неговиот дом.
„Се што работи на принципите на паметната технологија може да се контролира со помош на чипови“, објаснува 29-годишниот Воркмен.
Процесот на вметнување на чипови во самото човечко тело е многу сличен како кај домашните миленици.
„Отпрвин болеше, но како што одминува времето, болката минува“, објаснува Воркмен.
Магнетот во левата рака е поголем од другите импланти, така што неговото присуство го чувствува при нормални движења.
Клучот за далечинско отворање на вратата од автомобилот беше највознемирувачката интервенција. На подлактицата му е направен пет-милиметарски засек.
„Морав да го испратам клучот до специјална компанија пред да се вметнат во моето тело. Го потопија во ацетат и потоа ставија медицински полимер врз него“, објаснува Воркмен.
Да се најде вистинската личност за вклопување на имплантите во неговото тело се чинеше како невозможна мисија. Тој беше одбиен од лекар, ветеринар, но и од еден салон за тетоважи. Тогаш братучедот на Воркмен , лабораториски техничар, внел два чипа во неговото тело.
Воркмен тврди дека компјутерските чипови ја подобруваат технолошката безбедност.
„Хакирањето на нечиј телефон веќе е голема работа. Хакирањето лице е невозможно“, вели Воркмен, објави Њујорк пост.