Каков „Маракана“, каков „Камп Ноу“ – овој е најубавиот стадион на светот (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Стадионот Хенингсваер, кој се наоѓа во истоименото норвешко село со 500 жители, според многумина, е најубавиот стадион на светот, пред сè благодарение на неговото импресивно природно восхитувачко опкружување.

Групата острови Лофоти дури во 2007 година биле поврзани со мостови со остатокот од земјата. Без разлика на оддалеченоста природната убавина ги прави островите вистински рај на земјата.

Покрај благата клима и зимските температури околу нулата, вљубениците во фудбалот сонуваат да ги посетат Лофоти и поради фасцинантниот стадион Хенингсваер, на кој тренираат и играат рекреативците од клубот Хенинсвае ИЛ.