Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Церемонијата на извлекувањето на групите за Светското првенство во ватерполо, чии домаќин ќе биде Унгарија, го обележа скандал на организаторот кој Црна Гора ја претстави со знамето на Албанија.
Светското првенство во ватерполо од 14 до 30 јули ќе се одржува во унгарската престолнина Будимпешта, а титулата ја брани селекцијата на Србија.
Инаку извлекувањето на групите го обележа скандалот, бидејќи на видео бимот покрај името на Црна Гора стоеше албанското знаме.
„По жрепката организаторот упати големо извинување поради грешката која се случи за време на извлекувањето на топчето со името на репрезентацијата на Црна Гора“, пренесуваат црногорските медиуми.
Црна Гора на СП ќе игра во А групата, а противници ќе и бидат Бразил, Казахстан и Канада.