Каков фудбалер: Два пати си постигна автогол „за да им го расипе местењето на натпреварот на соиграчите“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Неверојатна и речиси надреална фудбалска приказна доаѓа од Гана. Фудбалерот Хашмин Муса си даде два автогола, со што ја шокираше тамошната јавност, за потоа да открие дека го сторил тоа за да им ја расипе местенката која ја договориле неговите соиграчи.

Последното коло од најсилното првенство на Гана донесе луди сцени, на натпреварот помеѓу Ашанти Голд и Интер Алајс, паднаа два смешни автогола.

При резултат 5-0 за домаќините, во 78. минута од мечот, Хашмин Муса си ја затресе сопствената мрежа. Во 82. минута, истиот фудбалер уште еднаш реши да ја шутне топката во сопствениот гол, и потоа веднаш беше изваден од игра.

По крајот на натпреварот, Хашмин Муса изјави дека намерно го сторил ова откако во хотелот слушнал како соиграчите договараат местенка и дека натпреварот треба да заврши 5-1.

Фудбалската федерација на Гана веднаш соопшти дека ќе отвори истрага. Дека има нешто сомнително, говори и четвртиот погодок на Ашанти Голд.