Каков епски престврт за шампионска титула – „граѓаните“ се нови шампиони на Англија (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Исклучително драматичен финиш во последното коло од Премиер лигата. Сити со пресврт успеа да ја победи Астон Вила 3:2 и ја освои шамионската титула.

На „граѓаните“ им беше потребна победа во последното коло, но работите не тргнаа најдобро за тимот на Пеп Гвардиола.

Мети Кеш со глава погоди во мрежата на Едерсон во завршницата од првото полувреме и Астон Вила со предност замина на полувреме. Во вториот дел Кутињо зголеми на 0:2 и се чинеше дека Сити нема да може да се исвлече од таквата ситуација.

Потоа домаќините успеаа да постигнат три гола за пет минути и дојдоа од очај во екстаза. Најпрво погоди Гундоган, потоа Родри од далечина израмни, а пресртот го комплетираше Гундоган.

Ливерпул го победи Вулверхемптон, но сепак победата беше пирова и остана на второто место на табелата.