Каков болен ум!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Метју Тејлор Колман (40), сопственик на училиште за сурфање во Калифорнија, вчера е обвинет за убиство на неговиот 2-годишен син и 10-месечната ќерка. Властите соопштиле дека Колман ги признал убиствата и му кажал на ФБИ дека ги избодел со харпун, пишува Ен -Би -Си Њуз.

Во кривичната пријава се наведува дека Метју, инаку следбеник на КуАнон теоријата на заговор, за ФБИ признал дека ги убил своите деца затоа што верувал дека „ќе пораснат во чудовишта“ и дека неговата сопруга им пренела „змиска ДНК“.

Сопругата на Колман ја контактирала полицијата во Санта Барбара, откако нејзиниот сопруг излегол со децата во саботата, но не и кажал каде одат. Таа се загрижила откако тој не одговорил на нејзините пораки, па затоа, знаејќи дека нејзиниот сопруг нема седиште за деца во автомобилот, повикала полиција.

Полицијата преку апликацијата Find My iPhone дознала дека последната локација на Колман била во Росарито, Мексико. Колман бил уапсен откако полициските службеници на границата го прегледале неговото комбе при повторното влегување во САД и пронашле траги од крв во возилото.

Колман им признал на властите дека ги убил своите деца. Полицијата во Мексико ги пронашла нивните тела, а Колман потврдил дека станува збор за неговите деца.