Како во хорор филм: Во Британија откриени 39 мртви тела во бугарски камион


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Полициските служби на Велика Британија открија 39 мртви тела во камион кој во земјата пристигнал од Бугарија.

Полицијата денеска соопшти дека го уапсиле 25-годишниот возач на камионот, кој е од Северна Ирска, под сомнение за убиство. Телата на 38 возрасни луѓе и на една тинејџерка се пронајдени во индустриска зона во близина на Лондон.

Началникот на полицијата, Ендрју Маринер, изјави дека истрагата е во тек за да се утврди што се случило.

„Ова е трагичен инцидент во кој голем број луѓе го загубија животот“, рече тој.

Началникот изјави дека камионот е од Бугарија и влегол во земјата во сабота на 19 октомври.