Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Полициските служби на Велика Британија открија 39 мртви тела во камион кој во земјата пристигнал од Бугарија.
Полицијата денеска соопшти дека го уапсиле 25-годишниот возач на камионот, кој е од Северна Ирска, под сомнение за убиство. Телата на 38 возрасни луѓе и на една тинејџерка се пронајдени во индустриска зона во близина на Лондон.
Началникот на полицијата, Ендрју Маринер, изјави дека истрагата е во тек за да се утврди што се случило.
„Ова е трагичен инцидент во кој голем број луѓе го загубија животот“, рече тој.
Началникот изјави дека камионот е од Бугарија и влегол во земјата во сабота на 19 октомври.