Како ви изгледал Хомер Симпсон во реалноста: Ова е ноќна мора… (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Добро е познато како Хомер Симпсон изгледа, но приказот на него како вистинска личност е нешто што речиси секого би го вознемирило. Имено, Хомер не се променил премногу за 29 години колкушто постои.

Уметникот, Мигел Васкез доби идеја и познатиот цртан лик го нацрта како вистинска личност.

Со својата уметничка слобода и израз многумина збуни и исплаши.

Во неговата верзија, човечкиот Хомер доби големи крвави очи, голема широка уста, додека на главата му се наоѓаат ситни уши и нешто помалку коса.

Иако многумина се сложија дека делото на уметникот е неверојатно, многумина сепак имаа ноќна мора.

„Супер, сега се плашам од Хомер Симпсон“, „Ова ужасно ме вознемири“, „Ќе имам ноќни мори“, се само дел од коментарите.