Home Живот и здравје Како вежбањето ќе ви помогне да изгледате помладо?

Како вежбањето ќе ви помогне да изгледате помладо?

Вежбањето може да придонесе за вашата „вечна младост“ и ова го потврдиле бројни истражувања.

Еве сè што треба да знаете.

1. МАГИЧНИОТ БРОЈ 200

Вежбајте 200 минути неделно – околу 30 минути секој ден или 60 минути трипати неделно – и ќе се ослободите од 10 години од вашиот биолошки старосен период, тврдат научниците од Кралскиот колеџ во Лондон. Многу научници веруваат дека стареењето е поврзано со теломерите (краевите на хромозомите во белите крвни зрнца), бидејќи тие обично се скратуваат со текот на времето. Според истражувањето, теломерите на луѓето кои редовно вежбаат имаат иста должина како оние кај личности кои се 10 години помлади, што значи подобар кардиоваскуларен систем, посилни мускули и коски, како и намален ризик од рак и срцеви заболувања.

2. СО ВЕЖБАЊЕТО СЕ НАМАЛУВААТ БОРИТЕ

Движењето на телото, особено кога создава отпор на мускулите, помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта, нешто што многу водечки дерматолози го сметаат за критичен фактор за убавината на кожата. Вежбањето на мускулите ја подобрува способноста на телото да го регулира шеќерот, овозможувајќи поголема ефикасност при искористување на гликозата како енергија. Помало ниво на шеќер во крвта го намалува процесот наречен гликозилација, при кој молекулите на шеќер се врзуваат за колагенот и еластичните влакна во кожата, правејќи ја помалку еластична и поподложна на опуштање и формирање брчки.

3. ЗАПОЧНЕТЕ СО АЕРОБИК ВЕЖБАЊЕ

Ако практикувате аеробик, можете да го забавите стареењето и да го подмладите телото за 12 години, покажуваат истражувањата на Универзитетот во Торонто.

Со аеробикот го забавувате стареењето бидејќи телото е постојано снабдено со кислород, што ја одржува виталноста на секоја клетка. Овој вид на тренинг е одличен за оние кои долго време не биле физички активни, бидејќи помага во подобрување на кондицијата, зајакнување на мускулите, зголемување на флексибилноста, согорување на калории и ослободување од стресот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

6 здрави намирници што можат да станат нездрави ако се консумираат премногу

Може да изгледа дека здравите намирници никогаш не можат да имаат штетно влијание врз наши…