Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Многумина забораваат дека единствената енергија која ја добиваме за тренинг потекнува од храната. А најчесто од јаглехидратите кои се примарен извор на „брза“ енергија.
Исхраната и тренингот мора да одат во пакет, за да се постигнат посакуваните резултати. Често многу луѓе мислат дека е доволно само да вежбаат и да го постигнат замисленото. Меѓутоа ако не се внимава и на исхраната целта нема да се постигне или пак ќе се постигне делумно.
Слабеење, исхрана и тренинг
Количината на храна, т.е калориите кои ги внесуваме со исхраната, ја диктираат телесната тежина. Ако внесуваме повеќе калории отколку што нашиот организам троши, со тек на време се телесната тежина се зголемува. А притоа вишокот на калории оди во масни наслаги. Со вежбањето, покрај другото се трошат и голем број на калории, со што се олеснува слабеењето.
Но ако исхраната не е регулирана, тогаш најверојатно нема ништо да се постигни. За тренингот да биде ефикасен треба да се смали внесувањето на калории и да се постигне калориски дефицит, со тоа целта за слабеење има смисла.
Исхрана, мускули и тренинг
За време на тренинг мускулите се значително активирани, со што се стимулира нивниот раст и развој. Меѓутоа тие нема да се развијаат без оптимална количина на нутритиенти од кои се изградени, како што е протеинот. Ако вежбате со цел да ја зголемите мускулната маса, правете вежби за сила и издржливост. А исхраната треба да ви биде богата со протеински намирници.
Енергија, исхрана и тренинг
Многумина забораваат дека енергијата која ја користиме за тренинг доаѓа од исхраната. Без разлика дали вежбате поради слабеење или некоја друга причина, треба да водите сметка за енергијата наменета за тренинг.
Оброкот пред тренинг би требало да биде богат со јаглени хидрати, оној после тренинг да содржи и протеини. Дури и да сте на диета темпирајте ги оброците со цел да имате доволно енергија за телесните активности.
Исхрана, здравје и тренинг
Витамините и минералите се органски „споеви“, кое телото не може само да ги создаде. А притоа се многу важни за функционирањето на организмот. Па затоа треба да се внимава на нивно адекватно внесување. За да ги обезбедите за вашето тело треба вашата исхрана да биде составена од разновиден зеленчук и овошје. Скоро секој оброк на активните луѓе би требало да содржи зеленчук и овошје.