Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вчера рано утрото, во пет часот, во словачкиот патен тунел Борик се случи стравична сообраќајна несреќа која беше снимена на безбедносна камера.
Брз BMW автомобил пред влезот на тунелот полета во висина, буквално како авион, удри во горниот дел на тунелот , потоа се изврти веколку пати во воздух и внатре во тунелот падна на тркала.
Иако по ваква несреќа секој би помислил дека возачот ќе биде барем повреден , 44-годишниот Словак излегол од BMW–то без никакви повреди и поминал само со оштетен автомобил. Резултатите од алкотестот на кој бил подложен покажале дека возачот бил трезен и немал консумирано алкохол.