Home Актуелно Како управничка во МПМ Станисављева земала 25.000 евра – месечно!

Како управничка во МПМ Станисављева земала 25.000 евра – месечно!

Порталот Актуелно.мк објави документ на којшто е наведен износот на месечните примања на донеодамнешниот прв човек на компанијата МПМ, Јана Станисављева.

Според напишаното во Анексот од 2015 година, Станисављева земала месечна плата од 25.000 евра. Друштвото имало обврска најдоцна до 10-ти во месецот да ѝ исплаќа износ во висина од 1.345.000 денари.

Дополнително, биле покриени нејзините трошоци за бензин, за доаѓање и одење од работа, дневници и слично.

МПМ неодамна ги затвори весниците „Утриснки весник“ и „Вест“ поради финансиски загуби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…