Како трајно да ги оставите цигарите: Колку и да е банална – оваа работа е пресудна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако меѓу оние новогодишни ветувања кои сте си ги дале пред самите себеси е и откажувањето на цигарите, тогаш можеби е паметно да ги послушате советите од овој експерт за одвикнување од зависноста од никотин.

Д-р Мајкл Штајнберг вели дека прво мора самите себеси да си објасните зошто сакате да престанете да пушите цигари, а потоа да ги отстраните сите тутунски производи од својот дом, автомобил и евентуално канцеларско работно место.

Одредете си конкретен датум кога ќе престанете со пушење и држете се до него. Можеби звучи банално, но мора да си дадете конкретен термин, инаку голема е веројатноста постојано да одложувате.

Потоа побарајте помош. Постојат експерти чија работа е да ви го олеснат откажувањето од цигарите за полесно да го поминете целиот процес на одвикнување и да не минувате низ тоа сами.

Обидете се да усвоите некои здрави навики, хранете се здраво, вежбајте, спијте доволно. Развијте повеќе начини на кои полесно ќе се носите со стресот, имајќи во предвид дека голем број луѓе си го олеснуваат стресот палејќи цигара. Токму поради тоа е важно да најдете некоја здрава алтернатива.

Направете попис на нештата кои ве поттикнуваат да запалите цигара и обидете се да ги избегнувате. Добро е да се обидете да го намалите и консумирањето кофеин, бидејќи тоа ве прави нервозни.

Уште една важна напомена – немојте нагло да престанете со пушење, тоа ги намалува шансите навистина до крај да успеете да ги оставите цигарите, вели д-р Штајнберг. Бројот на испушени цигари намалувајте го постепено, обидете се и со лекови за помош при никотинска апстиненција, побарајте помош и најдете си поддршка.