Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Продажбата на музички албуми во САД минатата година доживеала вртоглав пад од 18,2 отсто во однос на претходната 2017 година, а продажбата на песни опаднала за 28,8 отсто.
Овој негативен тренд го покажуваат најновите податоци на фирмата БужАнгл, која ја следи продажбата на музика во САД.
Спротивно на ова, во меѓувреме, музичките стримови, вклучувајќи ги и аудио и видео, се зголемиле за 35,4 отсто.
Од вкупната музика која Американците ја слушале минатата година, 77 отсто било преку услугите за стриминг на музика како Спотифај и Епл, додека 17,3 отсто од тоа било низ продажба на албуми и 5,7 отсто низ продажба на синглови, пренесува „Хина“.
Минатата година, компанијата за купување преку интернет, БестБај, одлучила да престане со продажба на ЦД- дискови, а таа промена е резултата на тоа што се поголем број на издавачки куќи размислуваат за тоа дали воопшто треба албумите да се објават во физички облик.
„Работите се јасни, купувањето на музика излегува од мода“ – пишува магазинот „Ролинг Стоун“.