Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Последните позитивни резултати очекувано на македонската фудбалска репрезентација и донесоа скок од 18 места на најновата ФИФА ранг листа.
Нерешениот резултат во Торино, против Италија и триумфот над Лихтенштајн во Струмица ја вратија Македонија меѓу најдобрите 100 светски репрезентации, па сега на најновата ФИФА листа се наоѓаме на 85-то место.
Во европски рамки Македонија е на 38-та позиција и сега се наоѓаме пред Кипар, Ерменија, Белорусија, Луксембург, Грузија, Азербејџан…
На новата ФИФА-листа се случија и неколку промени во Топ 10, каде се врати Шпанија, а испадна Швајцарија, а за првпат меѓу најдобрите десет се најде и репрезентацијата на Перу.
ФИФА-листата ја предводи Германија, а потоа следуваат Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Франција, Шпанија, Чиле и Перу.