Актуелно

Како што се очекуваше: И Бонева и Срцев го напуштија ДИК

И Силвана Бонева и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа оставки од функциите членови на Државната изборна комисија, пренесува „Макфакс“.

Од вкупно девет члена остана уште Ермира Асани-Салија од Беса, која во ДИК влезе пред локалните извори на местото на Бедредин Ибраими од ДПА.

Неколку часа пред нив оставки си дадоа Субхи Јакупи и Реџеп Прекопуца од ДИК и Атанас Урумов од редот на експертите. Инаку, прв оставка од функцијата поднесе претседателот Александар Чичаковски кој беше од редот на експертите. Неговиот пример го следеа членовите предложени од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев и во текот на вчерашниот ден веднаш по него и тие ги напуштија функциите.

Оставките доаѓаат по притисокот од јавноста за високите бонуси што членовите на ДИК си ги доделиле со интерна одлука. Како што информираа минатата недела, дел од нив парите ги донираа во хумантирани цели, дел најавија дека ќе ги вратат во буџетот.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top