Како што му доликува: Луксузна вила среде луксузниот Сен Тропе


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Архитектите и дизајнерите од јужноафриканската архитектонска компанија SAOTA ја привршија изградбата на новата луксузна куќа во Сен Тропе, која е комбинирана за еднакво раскошно и внатрешно и надворешно уживање и удобност.

На предната страна од куќата, скалилата од травертин ги водат посетителите до двојно повисоката влезна врата изработена од масивно дрво.

Внатрешниот, како надворешниот дизајн, акцентот го ставаат на практичноста и компактноста, наспроти грандиозноста и мегаломанијата. Низ прозорците без рамки се пружа прекрасен поглед на базенот и градината.

Раскошно дизајнираната куќа е опкружена со борова шума, а за уживање во надворешниот амбиент, освен базенот, дополнително стојат на располагање „лаунџ“ и коктел баровите.