„Како се осмелувате?!“: Говорот на бунтовната Грета Тунберг со кој ги растури политичарите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со својот говор кој го упати до светските политички лидери, шведската тинејџерка Грета Тунберг на самитот за климатски промени на ОН ги прекори сите политичари кои носат одлуки од светски карактер, обвинувајќи ги дека ја изневериле нејзината генерација, бидејќи не успеале да се справат со емисиите на гасовите со ефект на стаклена градина и ги праша „Како се осмелувате?”.

Шведската тинејџерка, која стана светско лице на растечкото движење на младите против неактивноста за климата, започна со тоа што на својата публика ѝ рече: „Мојата порака е дека ќе ве следиме“, рече таа.

„Сето ова е погрешно. Не треба да бидам овде. Треба да се вратам на училиште на другата страна од океанот“, рече 16-годишната девојка, која на една година ги прекина студиите.

„Доаѓате кај нас младите за надеж. Како се осмелувате?“ грмеше таа.

„Ми ги украдовте соништата и детството со вашите празни зборови, но сепак јас сум една од среќните. Луѓето страдаат, луѓето умираат, целиот екосистем се распаѓа“.

„Ние сме на почеток на масовно истребување и сè за што зборувате се парите и бајките за вечен економски раст. Како се осмелувате!“

Таа додаде дека во разговорите со лидерите, ѝ било кажано дека младите се слушнати и итноста е разбрана.

„Но, без оглед колку сум тажна и лута, не сакам да верувам во тоа, затоа што ако навистина ја разбирате ситуацијата и продолжувате да не делувате, тогаш вие би биле злобни и одбивам во тоа да верувам“.

Тунберг потоа ги детализираше различните цели кои се пропуштени, а со што е зголемен ризикот од „неповратни верижни реакции надвор од човечка контрола“.

Таа, исто така, на самитот ги повика државите да ги прошират своите обврски велејќи: „Нема да има никакви решенија или планови презентирани во согласност со овие бројки денес, овде, затоа што овие бројки се премногу непријатни, а вие сè уште не сте доволно зрели да го кажете како што е“.

„Нè изневерувате“, заклучи таа. „Но, младите почнуваат да го разбираат вашето предавство“.

„Очите на сите идни генерации се кон вас, и ако решите да не изневерите. Ви велам, никогаш нема да ви простиме!“