Како се менуваа сексуалните навики на младите од 1990-те години


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Луѓето родени во периодот од 1993 до 2001 година имаат поразновиден сексуален живот од генерациите родени пред нив, покажа истражувањето кое го направија холандските научници.

Тимот научници собраа податоци од 1990 години навмау, кои ги сублимираа на секои десет години, за да дознаат како се менуваат сексуалните навики на младите. Во истражувањето учествуваа испитаници од 16 до 24-годишна возраст, а вкупно во истражувањето беа вклучени 45.000 луѓе.

Се покажа дека младите кои се испитани од 2010 година наваму имаат поразновидни сексуални активности од младите кои биле анализирани од 1990 и 2000 година.

Просечната возраст за прв бакнеж и останатите форми на прв сексуален контакт останала иста – 14 години. Она што се менува е периодот помеѓу првиот сексуален контакт и првиот сексуален однос, кој станува сè пократок. За луѓето родени од 1990 до 1996, просечната возраст на која го имале првиот сексуален однос е 16 години.

Бројот на мажи и жени кои тврделе дека имале вагинален, орален или анален секс, а кои се испитани во 1990 година беше еден од десет испитаници/испитанички. Во 2010 година тој број е еден на четири испитаници и една на пет испитанички. Најголем пораст во искуството со орален и анален секс се покажа кај испитаниците од 16 до 18 години.

„Промените во праксата кои ги покажа истражувањето се во рамки на ширењето на други аспекти на сексуалните искуства кај младите луѓе. Тоа и не изненадува ако се земе во предвид социјалниот контекст кој се менува сè побрзо и има сè поголем број на влијанија врз сексуалното однесување. Важно е да се следат овие трендови за да им се помогне на младите луѓе да внимаваат на нивното здравје и за нивниот општ добробит“, вели Каје Велингс, професорка и една од тимот научници кои работеа на студијата, пренесува Eureka.