Како Руси прават преработка на BMW мотор


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ова уникатно дизајнерско и технолошко дело требаше да има премиерна промоција на Motovesna Motorcycle Show, но бидејќи беше откажан, премиерата се пресели на социјалните медиуми.

Фасцинантната преработка е потпишана од Зилерс Гараж и е единствен примерок што веројатно ќе предизвика голем интерес надвор од границите на Русија.

Под надворешноста е серискиот мотор на BMW R nineT Scrambler со сила од 110 КС. Покрај матната сива боја, делот над управувачите е оној што привлекува најголемо внимание. Stealth обликот го карактеризира горниот дел, кој има бројни копчиња, како и дигитален покажувач.

Се разбира, преработката не застанува тука, па вреди да се каже дека суспензијата е изменета за да се задржи мотоциклот само еден милиметар над основата. Се разбира, суспензијата може да се прилагоди со притискање на копче, а тоа е јасно прикажано со видеото подолу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DIMA ZILLERS ZILLERS GARAGE (@zillers_custom_garage) on

Списокот со новости завршува со инсталирање на нови светла и издувен систем.