Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Шкотските научници утврдија дека лицата чија работа бара многу комплексно размислување обично имаат подобро помнење во подоцнежните години.
Во комплексни професии научниците ги ставиле: хирурзите, инженерите, архитектите, графичките дизајнери или музичарите, како и оние кои бараат работа со луѓе и чести преговарања како работата на адвокатите и социјалните работници.
За да се одржи степенот на помнење, како и истиот да се подобри, потребно е редовно да се читаат книги, да се решаваат крстозбори, да се пишуваат дневници, конзумирање на риба, чај и кафе.
Од друга страна, во текот на денот не би требало да се гледа телевизија подолго од еден час, како и да не се пијат повеќе од два алкохолни пијалаци дневно.