Како пропадна еден од најголемите таленти на Реал


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За него се говореше дека ќе го наследи легендарниот Раул. Неговото име е Хавиер Портиљо и ги собори сите рекорди на реаловите младински селекции.

Белиот дрес го облече на свои 12 години и растеше во младинските категории на „кралскиот“ клуб со цел еден ден да го наследи својот идол, Раул.

Се изгледаше како бајка кога на 26-ти февруари 2003 година го постигна израмнувачкиот гол против Борусија Дортмунд во втората групна фаза од Лигата на шампиони, со кој Реал се пласираше во четвртфиналето.

Таа сезона Портиљо во главно влегуваше од клупата на местото на Раул или Роналдо и на 23 натпревари постигна 14 гола, што беше фантастиќен учинок.

Сепак, Галактикосите не трпеа мали и неатрактивни имиња, па на Портиљо набрзо му беше отворена излезната врата. Најпрво беше позајмен во Фиорентина, каде воопшто не се снајде, а сезона покасно замина во Бриж.

Белгискиот клуб сакаше, но немаше средства да го откупи бидејќи Реал за своето дете бараше премногу пари. По доаѓањето на Капело во 2006 година замина во Гимнастик и тоа без обештетување.

Се „влечеше“ по Шпанија, играше за Осасуна, па за Херкулес, потоа имаше епизода во Лас Палмас и повторно се врати во Херкулес каде ги покажа најдобрите партии.
На 135 натпревари постигна 36 гола и стана еден од најдобрите стрелци во историјата на овој клуб.