Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вчера, официјално, како претходница на пристапните преговори, Брисел го започна „скрининг“ процесот во рамки на последна фаза од иницијацијата на Македонија за членство во ЕУ.
На вчерашната средба во Брисел екипа од 40 експерти од земјава и од ЕК го отворија поглавјето 23, односно судство и основни права кое една од клучните области каде треба да се спроведат реформи. Вицепремиерот Бујар Османи наведе дека Македонија ќе работи на исполнување на сите обврски од овој процес, односно реформите, а паралелно ќе ги исполнува и билатералните договори со Бугарија и Грција.
„Знаеме дека ова е само почеток на еден многу сложен процес во кој илјадници страници од европското законодавство ќе треба да се инкорпорираат во нашето законодавство, исто време уверувајќи дека институциите имаат капацитет, знаење, средства и извори за имплементација на потребниот начин. Но, дозволете ми да ве уверам дека колку и да е голем овој предизвик, имаме високо ниво на ентузујазам и мотивација во администрацијата и позитивна енергија во општеството за евроинтеграциите“, рече Бујар Османи, вицепремиер за евроинтеграции.
Министерката за правда рече дека владата е посветена во спроведување на реформите.
Директорот на Директоратот за проширување на ЕУ, Кристијан Даниелсон преку социјалните мрежи наведе дека почетокот на скринингот ќе им даде поттик на реформите.
Екипите продолжуваат со работа и денес, а ќе се приклучи и еврокомесарот Јоханес Хан. Скрининг-процесот трае околу една година во чии рамки се очекува да се одржат уште 32 средби.