Како последица од КОВИД-19 почина српскиот партијарх Иринеј


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Патријархот на Српската православна црква, Иринеј, почина како последица на КОВИД-19, пренесуваат српските медиуми.

Состојбата на патријархот се влоши вчера, во четврток. Тој беше тестиран позитивен на коронавирусот на 4 ноември, а веќе следниот ден беше хоспитализиран.

Иринеј заврши во болница само четири дена откако го предводеше погребот на црногорскиот митрополит Амфилохие (83) во Црна Гора. Амфилохие почина на 30 октомври од последици што врз неговото здравје ги остави ковид-19. Неговиот погреб се претвори во високоризичен епидемиолошки настан на кој луѓето масовно се туркаа во желбата и намерата да го бакнат или да го допрат неговото тело по два дена откако доби позитивен резултат на ковид тестот.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека патријархот Иринеј починал. Тој на Инстаграм, заедно со црно-белата фотографија од патријархот Иринеј, напиша:

„Ми беше чест да те познавам. Луѓето како тебе никогаш не заминуваат”.