Home Живот и здравје Како после „винска вечер“ утрото да немате главоболка

Како после „винска вечер“ утрото да немате главоболка

Најсигурен начин да се избегне главоболка после вино е да се консумира умререно. Меѓутоа, ретки се тие кои ја знаат причината за главоболката, а тоа не е само чашка повеќе.

Според VinePair, главните виновници за главоболката се танинот, хистаминот и шеќерот. Танини се антиоксиданси кои се наоѓаат во лушпата на грозјето, семките и рачките и тие се причина поради кои по конзумирање на вино ви се суши устата. Кај многу луѓе танините нема да имаат никаков ефект, но кај некои лица можат да предизвикаат тешки главоболки.

Поради комбинација на шеќерот и алкохолот телото бара голема количина на вода, да може целосно да ја преработи таа комбинација. Ако не сте внеле доволно течности ќе почувствувате силна жед.

Истражувањата покажале дека одредена храна и пијалоци, меѓу кои е и виното, можат да предизвикаат ослободување на хистамини, а резултатот ќе бидат симпотими како кај алергија, суви очи и тешка главоболка.

Еден експерт истакнува дека два филџани силно кафе пред да се пие вино, можат многу да помогнат. Доктор Сејмор Дајмонд тврди дека кофеинот ги стеснува крвните садови што ги намалува непријатните последици по конзумирање на вино. Други советуваат да се пие побавно и по секоја чаша вино да се пие малку вода.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдобри народни лекови против пролетни алергии

Најдобрите домашни лекови за пролетни алергии Пролетта е прекрасно годишно време кое ни но…