Како почнал да се слави Први Мај – „евангелие според Јаран“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ноќна мора на Жељко Малнар е хрватско ноќно ток-шоу на ТВ каналот OTV (до 2005 година), а потоа Z1 ТВ (од 2005 година).

Емитувањето на Ноќна Мора официјално завршило на 26 јуни 2010 година. Со текот на времето оваа емисија, благодарение на својата единствена оригиналност и рушење на предрасудите има стекнато култен статус и голема публика.

Во градското собрание на Загреб, комисијата за општествени признанија ја номинирала во 2004 година емисијата Ноќна мора за доделување на Плакетата на Град Загреб, и тоа за „нејзината автентичност, смело спротиставување на вештачкиот виртуелен свет на лажни големини и општествена хипокризија”. Сепак, кандидатурата нема да биде прифатена откако хрватскиот Хелсиншки Комитет утврдил дека во емисијата има „бесрамна употреба на хендикепираните лица и ширење расизам“.

Неговиот „кабинет“ на измислената Република Пешченица (приградска населба на Загреб во која живееле сите) го сочинувале соседите, кои во реалниот живо се сиромашни, алкохоличари и социјални случаи. Сето тоа се користело како сатиричка платформа за потсмев на политичката сцена и на општеството.

Понекогаш изнервираниот Жељко Малнар се случувало да им рече на публиката; “Јадници, исклучете го телевизорот и одете да спиете.”, “Идиоте, зарем немаш попаметна работа отколку да гледаш телевизија во три наутро! Ајде, добра ноќ!“; “Што е беднику, немаш пари за да излезеш надвор, туку мораш мене да ме гледаш на својот мал беден црно-бел телевизор?”; “Ако не ви се допаѓа емисијата, земете го далечинскиот и сменете, имате сто други програми, кретени!”

Еве што имаше да каже за причината за славењето на Први Мај легендарниот Јаран (или Јајан), новинар од екипата на „Ноќна мора“, збувлив и кавгаџија, често во пијана состојба, исмеван и предизвикуван поради неможноста да ја каже буквата Р, наместо која изговора Ј. За делот со Први Мај одете директно на 3:28 од видеото.