Како од цртежите на Гигер – од кај се појавуваат вакви суштества


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Морското суштество кое изнурнало од длабоките мориња и се насукало на плажа во Калифорнија, ги исплаши многумина посетители на калифорниските плажи.

Суштеството идентификувано како пацифичка фудбалска риба инаку живее во најдлабоките и најтемните делови на океанот. Бен Естес се шетал покрај плажата кога наишол на насукано суштество на плажата Њупорт.

Го фотографирал и ги известил редарите и спасителите на плажата, а фотографиите ги објавил на Фејсбук, каде веднаш привлекле големо внимание.

Велат дека не е ретко суштество, но секако е реткост да се види на плажа.