Како обложувалниците ги одредуваат коефициентите?

одредуваат коефициентите

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Разбирањето на тоа како обложувалниците ги одредуваат коефициентите е многу важно за успешно кладење. Секој кој планира да се обложува треба да ги знае реалните случувања, за да може добро да избере од понудените коефициенти. Немој да се изненадите ако ви кажеме дека коефициентите кои ги гледате на сајтовите на обложувалниците, се далеку од реалноста.

На следниот пример повеѓу „ЕкипаА“ и „ЕкипаБ“ ќе ви покажеме како обложувалниците го определуваат коефициентот.

Фиктивно да претпоставиме дека релни коефициенти се:

  • Победа за ЕкипаА – 45%
  • Победа за ЕкипаБ – 30%
  • Нерешено – 25%

Кога ќе се соберат горните проценти, тие изнесуваат 100%. Што значи дека кладилницата која ќе ги понуди нема да биде во профит, но нема ни губиток. За да направи профит обложувалницата малку ги модифицира и тие изгледаат вака:

  • Победа за ЕкипаА – 48%
  • Победа за ЕкипаБ – 33.5%
  • Нерешено – 26.5%

Сега збирот изнесува 108%, што гарантира и гарантира профит од 8%.

Ако овие проценти ги изразиме во коефициент, тие би изгледале вака:

  • 48% = 2,08
  • 33.5% = 2,99
  • 26.5% = 3,7

Ако ги земеме во предвид овие бројки, тие пак ќе дојдат до 8% профит. Ако се вложи рамномерно спрема вредноста горе, тогаш на паример, 100 € влог би бил вака разпореден:

  • 44.5 € на победа на ЕкипаА
  • 31 € на победа на ЕкипаБ
  • 24.5 € на нерешено

А исплатата на обложувалницата би требало вака да изгледа:

  • Победа на ЕкипаА: 44.5€ x 2.08 = 92.6€
  • Победа на ЕкипаБ: 31€ x 2.99 = 92.7€
  • Нерешено: 24.5€ x 3.77 =92.4€

Би било идеално за обложувалниците кога сите ми се кладеле на основа на веројатноста, која тие ја предвиделе. Но во реалноста не е така, луѓето се кладат на онаа екипа која ја симпатизираат. Па така повеќето влогови се на победа на една од екипите, а многу малку на нерешено.

одредуваат коефициентите

На кој начин ова би им помогнало на оние кои се обложуваат?

Како што гледаме, коефициентите кои обложувалницата ќе ги понуди не одговараат на реалните веројатности за победа на едната или другата екипа. Туку тие се прилагодени за обложувалницата да има профит. Затоа ако тој што се клади, знае да ги определи реалните коефициенти е во голема предност. Тој може да препознае кога кладилницата нуди поголем коефициент, од онај реалниот.