Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Додека мнозинството корисници на социјалните мрежи коментираа и уште коментираат за пожарот кој го проголта покривот од славната париска катедрала Нотр Дам, некои се потсетија на сцената од еден филм од пред 15 години која, на некој профетски начин како да ја предвидела катастрофата која се случи во Париз.
Станува збор за филмот „Before Sunset“ од 2004 година, кој беше продолжение на романтичната драма од 1995 година „Before Sunrise“, со Итан Хок и Џули Делпи во главните улоги. Во продолжението од 2004 година ликот на Џеси (Хок) и Селин (Делпи) се сретнуваат во Париз после девет години од нивната прва заедничка ноќ помината во Виена.
Во една од сцените од овој филм, додека се возат по течението на реката Сена, тие двајца ја гледаат катедралата Нотр Дам. Во тие моменти Џеси вели:
„Сум чул една приказна еднаш, дека Германците кои го окупирале Париз, кога морале да се повлечат, поставиле експлозив околу Нотр Дам за да ја кренат во воздух. Морале да остават еден нивни припадник, војник, да го активира експлозивот. А тој едноставно не можел да го направи тоа кога дошло време. Само седел таму, опиен од убавината на тоа место. Кога стигнале сојузничките сили го пронашле експлозивот неактивиран околу катедралата и го демонтирале. Истото го нашле и околу Сакре Куер, Ајфеловата кула и уште неколку други месте“.
Потоа Селин реплицира: Прекрасна приказна. Но, мораш да помислиш дека Нотр Дам еден ден ќе ја снема. Некогаш постоела уште една црква или катедрала на истото место. Точно таму“.
Токму оваа сцена почна да се споделува на социјалните мрежи после немилите случувања со пожарот кој ја зафати Нотр Дам.
„Твитер ме потсети во оваа трагична пригода на оваа сцена од „Before Sunset“. Додека Нотр Дам е зафатена од пламенот, треба да се потсетиме дека физичката убавина е минлива. Уживајте во неа додека е тука и потсетете се на истата кога ќе исчезне“, напиша еден твитерџија.
The saddest Notre Dame reference in films.
Before Sunset (2004) #NotreDame pic.twitter.com/sZXCVt0Cz0— nonickname (@nonicknamefilm) April 15, 2019